Неделникот Фокус кој во јавноста важи како партиско гласило на СДСМ, преку кое најчесто социјал-демократите индиректно ги пласираат своите ставови, ја пренесува тактиката на партијата во врска со непочитувањето на својот дел од обврските од договорот од Пржино.
Според Фокус, што значи и според СДСМ, со преземањето на „Пуч“ се отворала можноста Верушевски и Лазаревски да излезат од притвор.
Тоа што е веројатно договорено меѓу Катица Јанева и Заев, а што го најавува Фокус е дека според нивните информации, СДСМ прво ќе почека да види како Специјалното јавно обвинителство ќе се однесува кон притворените, односно дали притворот ќе го замени со алтернативна мерка, а потоа ќе ги предаде материјалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.