Младата и надежна фолк пејачка Анастасија Петреска периодов е доста активна на настапи меѓу кои и снимањата на новогодишните телевизиски емисии.
Фолк естрадата предвреме ја „дочека“ 2016 година, за да може публиката што ќе ја помине најлудата ноќ во домашна атмосфера, да ужива со народна песна.
Деновиве се снимаше и празничното издание на емисијата „Зајди, зајди“, а за тој повод Анастасија се одлучила да се појави во симболично светкав коктел фустан, модел што ги истакна нејзините бујни облини – пишува Вистина.
И таа е меѓу многуте пејачки и водителки кои во празничниот месец декември не ги заобиколуваат светкавите детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.