Данскиот министер за интеграција Ингер Стојберг денеска изјави дека полицијата треба да добие право да ги конфискува накит од барателите на азил со цел да се платат расходите за нивното сместување, учењето на јазик, здравствената заштита и курсевите за професионална квалификација.
Таа наведе дека е подготвен предлог-закон со кој бегалците ќе имаат исти права со невработените Данци, кои можат да добијат социјална помош ако ги продадат сите предмети кои имаат вредност над 10.000 круни, односно 1.453.
Стојберг наведе дека бурмите, часовниците и предметите со сентиментална вредност не треба да бидат одземани.
Предлог-законот има поддршка од антиимигрантската Данска народна партија, втора сила во Парламентот и се очекува да биде изгласан следниот месец.
Повеќе од 9.000 лица годинава побарале азил во Данска, каде неодамна социјалната помош за бегалците беше намалена за 50 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти