Наместо од 1-ви јануари 2016, како што беше најавено, електронските билети за возење во државните и приватните автобуси ќе бидат задолжителни од мај 2016. Меѓутоа, електронските билети ќе започнат да се користат од Нова година.
Меѓу другото, цената на еден билет ќе чини 35 денари, како досега, но доколку е купен кај возачот изнесува 60 денари. Можноста за купување на билет со цена од 30 денари на автобуска станица нема да постои повеќе. Овие цени ќе бидат универзални, за државните и приватните автобуси.
Патниците ќе имаат можност за купување повеќе различни билети: за едно возење, за повеќе возења во 90 минути, за десет возења, ноќен билет, дневен билет, месечен билет, сезонски билет, билет за комбиниран превоз со автобус и жичарница (и лифт), седумдневен билет.
Патниците ќе може да ги купуваат билетите и со мобилен телефон. Билетот за едно возење платен со телефон ќе чини 40 денари, а патникот мора да изврши валидација со електронската картичка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.