Со ниските температури доаѓаат и настинките и грипот, а наместо веднаш да трчате кај доктор и пиете апчиња постои едноставен начин да се изборите со болеста.
Постои еден трик кој можете сами да го направите и на тој начин да се изборите со настинката и оздравите што побрзо.
Дали знаевте дека ако легнете со мокри чорапи тоа може да ви помогне кај настинката? Иако веројатно ви звучи чудно, носењето намокрите чорапи во кревет помага кај симптомите на настинка и грип.
Верувале или не оваа „влажна“ стратегија може да ви помогне да ги ублажите симптомите на грозница и да подобрите циркулацијата во стапалата.
Постапката оди вака: Загрејте ги нозете во топла вода, а потоа накиснете памучни чорапи во студена вода, исцедете ги и облечете ги непосредно пред да заминете на спиење. Врз нив облечете суви волнени чорапи. Мокрите чорапи би требало да бидат суви и топли наутро, а вие да се чувствувате многу подобро. Тоа е поздраво од илјада таблети за настинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.