| четврток, 6 декември 2018 |

Црвен степен на предупредување: Смогот повторно му се заканува на Пекинг

Во Пекинг денеска втор пат овој месец е прогласен црвен степен на предупредување поради загадувањето.

zagaden-vazduh-u-pekingu-foto-reuter-1448882134-794201

 

Се очекува дека сивата магла ќе се спушти на градот во кој живеат околу 22,5 милиони луѓе, со штетни честички ПМ во воздухот со големина помала од 2,5 микрометри (штетни честички кои продрираат длабоко во белите дробови) и тоа над 500 микрограма на кубен метар, се наведува на официјалниот сајт на властите во Пекинг.

Тоа е повеќе од 20 пати од нивото кое Светската здравствена организација го смета за безбедно.

Половина од возилата Во градот нема да можат да излезат на улиците, а забранета е и употреба на скара и други извори на чад отворено, а ограничено е и фабричкото производство. Голем број градилишта и училишта се затворени.

На жителите на Пекинг им се советува да избегнуваат активности на отворено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top