| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерска конференција за Западен Балкан во Стокхолм

Nikola-Poposki-int145-1Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Стокхолм ќе учествува на министерската конференција за земјите од Западен Балкан, заедно со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска Маргот Валстром и еврокомесарот Јоханес Хан, на тема „ЕУ интеграција на Западен Балкан – Мисија што треба да се заврши“.

Kонференцијата ќе биде посветенa на проширувањето на Европската Унија, интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и регионалната соработка. Целта на настанот во Стокхолм е да се промовира значајната улога на проширувањето, како една од најуспешните политики на ЕУ во воспоставување на мир во регионот, како и во унапредување на регионалната соработка по годините на конфликти во Западен Балкан. Тоа е важно за побрза интеграција, и надминување на отворените прашања во регионот, соопшти МНР.

На конференцијата ќе се процени и исходот на извештаите на ЕУ за напредокот и спроведените реформи во земјите на Западен Балкан, како и можностите за нивно побрзо интегрирање во ЕУ, од перспектива на Европската комисија и Шведска.

Конференцијата се организира на иницијатива на Македонската амбасада во Стокхолм во соработка со останатите земји од Западен Балкан, шведското Министерство за надворешни работи и Канцеларијата на Европската комисија во Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top