| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена големата тајна на сефот со број 555 кој му припаѓал на Тито (фото)

Оваа добро чувана тајна откриена е кога е отворен сефот со број 555 во кој се чуваа работите на Броз.

Plavi-voz-Josip-Broz-Tito

Со вештачењето на сефот со број 555 недвосмислено е утврдено дека речиси целата содржина е дел од приватниот имот на семејството Караѓорѓевиќ.

тито1

Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито го присвои благото на династијата Караѓорѓевиќ, вредно неколку милиони евра.  Оваа добро чувана тајна  е откриена кога е отворен сефот со број 555, во кое се чуваат неговите работи, па иако се сметаше дека во споменатиот сеф е депониран личниот имот на „најголемиот син на нашите народи и народности“ на виделина испливало дека под клуч се чува богатството на Караѓорѓевиќи.

тито 2

-Со тоа вештачење недвосмислено е утврдено дека речиси целата содржина на вештачениот сеф е дел од приватниот имот на семејството Караѓорѓевиќ. Содржината за семејството Караѓорѓевиќе од непроценлива емотивна, историска и материјална вредност – изјавила Гордана Костиќ, застапник на принцот Владимир, синот на покојниот принц Андреј Караѓорѓевиќ.

Овој сеф крие вистинска ризница од накитот на семејството Караѓорѓевиќ, а која  Тито во 1945 година ја присвоил  кога се вселил во нивниот двор во елитната белградска населба  Дедиње. Наследниците на кралското семејство тој накит никогаш не го видел.

тито насловна сеф

Во сефот се наоѓаат медаљони со ликови на кралот Петар Први Караѓоѓевиќ и кралот Александар и кралицата Марија, златен накит со посвети и фотографии, драги камења, брилијанти, грбови и разни одликувања, од кои некои датираат уште од 1913 година.

Отприлика има околу 150 парчиња различен накит, златници и многу други скапоцени предмети. Речиси целиот накит е изработен пред Втората светска војна.  Меѓутоа потребно е дополнително вештачење да се утврди вистинската вредност на содржината на сефот со број 555.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top