| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ не гледа многу докази за намалување на eмигрантите

мигра

Европската унија не забележува многу докази дека Турција успеала да го намали заминувањето на мигрантите на грчките острови во периодот од две недели, откако ја потпиша спогодбата, во согласност со која треба да го стори тоа, се наведува во денеска преставениот извештај на ЕУ.

Во извештајот на Владата на Луксембург, кој е актуелен претседавач на ЕУ, се нагласува дека околу четири илјади лица дневно пристигнуваат од Турција, откако на 29 ноември беше потпишана спогодбата, што е незначително намалување во однос на пет илјади до шест илјади лица кои пристигнуваа во ноември. Извештајот е испратен до европските лидери вчера пред самитот денеска во Брисел, на кој ќе бидат разгледувани начините за справување со мигрантската криза. Согласно спогодбата од 29 ноември Брисел ќе и отпушти на Анкара три милијади евра во следните две години за да е справи со сириските бегалци, а во замена Турција ќе помогне во стопирањето на мигрантскиот проток кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top