Француска компанија почна да произведува кондоми на кои се отпечатени шари, со цел пенисите да личат на уметничко дело.
Се почнало кога три сестри се здружиле со идеја сексот да го направат интересен. Тие не биле задоволни како изгледаат обичните кондоми, па одлучиле од нив да направат уметничко дело за да ерекцијата на секој маж биде различна, единствена и пријатна.
За да ја остварат идејата и да направат дизајнирани кондоми, сестрите соработувале со четири уметници.
- Кондомите ги замисливме како накит кој се носи за време на интимен однос или како некоја еротска тетоважа, изјавиле уметниците.
Кондомите се сеуште во фаза на развој, а компанијата која ќе почне да ги произведува почнала кампања за прибирање на средства, за да започнат со масовно производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.