| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Такво нешто не сум изјавил и ние ќе реагираме и до „Гардијан“

akt165-gruevski-740x320-520x225

Премиерот Никола Груевски преку писмена изјава реагира во врска со неточните интерпретации на насловот на статија во британскиот весник „Гардијан“.

– Такво нешто не сум изјавил и ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст кај што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани – вели премиерот Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top