| четврток, 6 декември 2018 |

Големите жени лидери имаат шест заеднички карактеристики

businesswoman

Можеби ерата во која живееме, е и онаа во која жените достигнаа повисоко ниво на прифаќање од кога и да било во историјата. Големите жени лидери како Клеопатра, Катерина Велика, Маргарет Тачер и многу други се доказ дека секој момент е погоден да си жена лидер.
Според написот на британскиот весник „Телеграф“, успешните жени лидери имаат шест главни и заеднички карактеристики:

1. Тие си ги заштитуваат своите права, водејќи се од факти, а не од емоции;
2. Тие се агресивни, во најдобрата смисла на зборот. Секогаш го постигнуваат своето;
3. Тие сочувствуваат, без да бидат непотребно сентиментални;
4. Тие се самоуверени, егото им е под контрола;
5. Тие знаат дека од витално значење е да се грижат за себе. Енергијата која им е потребна за да си ја вршат работата, доаѓа од доброто ментално и физичко здравје;
6. Тие умеат да се справат со огромни нивоа на стрес.

businesswoman-e1369645006465

Овие квалитети, од кои секој е клучен за постигнување успех, се нешто што треба да сме сигурни дека го имаме.

Успешните жени лидери често имаат способност да ги негуваат и одржуваат лојалноста, довербата, посветеноста и честа во семејството во работната средина. Сите сме виделе примери за екипи кои стојат зад својот водач, бидејќи веруваат во него/неа. Тие вложуваат дополнително внимание, работат до доцна, за викенди и превземаат дополнителни одговорности, за да ја поддржат каузата. Големиот лидер може да инспирира слични активности, предизвикувајќи кај луѓето задоволство од макотрпната работа и придонесот за општото добро. Вештината за одржување на чувството на семејството и традиции во светот на бизнисот често носи победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top