| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Иванов на местото на Бонева во Анкетната за прислушувањето

Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-­ДПМНЕ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да стане член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

ivan ivanov

 

Тој доаѓа на местото на пратеничката Силвана Бонева, која попладнево, како што се очекува, Собранието треба да ја избере за член на Државната изборна комисија.

На пратеничкото место на Бонева, според информациите од Државната изборна комисија, треба да дојде Мирјана Кузмановска од Изборната единица 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top