| четврток, 6 декември 2018 |

Терористи во Катар киднапирале најмалку 26 ловци

Вооружени напаѓачи киднапирале најмалку 26 ловци од Катар во пустинскиот дел на Ирак во близина на границата со Саудиска Арабија, пренесува „Би-би-си“.

Како што се наведува, напаѓачите со околу педесет возила влетале во ловечки камп во средата и киднапирале ловци.

Неименувани извори наведуваат дека меѓу киднапираните има и членови на катарската власт, но од Доха не стигна потврда на таа информација.

Според изворите на ирачките безбедносни служби, киднаперите потоа се упатиле кон областа Лаја, а дошле од провинцијата Насирија.

Ловци од многу заливски земји патуваат по тој дел на Ирак во овој период од годината. Од полицијата соопштено е дека во киднапирањето учестувале најамлку стотина вооружани напаѓачи, а наведено е дека е организирана голема потера по киднаперите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top