Дизајнерката на накит Темјана Мелоска-Митревска, ќе учествува на Интернационална изложба на накит во Пекинг, Кина, во организација на Пекиншкиот институт за модна технологија, во рамки на Пекиншката недела на дизајн. Изложбата ќе се одржи од 16 до 30 декември 2015 година во Парк на иновации на Институтот за модна технологија во Пекинг.
Темјана ќе се претстави со две парчиња накит, филигран. Брош Birth (Раѓање), кој е специјално изработен за изложбата и огрлица Cosmic waves (Космички бранови), дел од колекцијата Universe (Вселена).
Изложбата е насловена Jewelry Boundless, има за цел да покаже како различни култури се интегрираат, разменуваат па дури и судираат, со тоа промовирајќи развој на разновидност во дизајнерските креации на накит како и обезбедување платформа за интеграција на разновидни дизајнерски концепти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст