Поради тоа Свети Сава му предложил на патријархот Илија да го ракоположи за презвитер. Кога овој се согласил, Јован му се исповедал дека тој веќе има епископски чим. Тогаш Свети Јован се затворил во ќелија, каде во молк и молитва поминал години и години. Потоа во пустината поминал девет години хранејќи се само со диви растенија, па повторно се вратил во манастир.
Кога Свети Сава починал, Јован многу тагувал по него. Потоа Сава му се јавил во визија и му рекол:
-Не тагувај татко Јоване, зошто и ако се разделив од тебе со телотот, сепак со духот сум со тебе.
Тогаш Јован гозамолил: „Моли го Бога и мене да ме земе со тебе“.
На тоа Сава му одговорил: „Тоа не може да биде сега бидејќи ќе дојде големо искушение во манастирот; па Бог сака во телото на утеха и утврдување правоверни еретици“.
Значи, посебно денес, и воопшто, бидете вредни во потрагата по вистината, уште повредни во чистењето на своето срце, трпеливи во чекањето и непоколебливи во верата, па Бог ќе ни даде се во свое време онака и онолку колку што ни е потребно за нашето спасување.
Свети Јован Молчелив во христијанството претставува одлучност и истрајност, а се верува дека на овој ден треба да се помине во тишина вежбајќи ја својата дисциплина и слушајќи повеќе што говорат другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати