Познатиот готвач Влатко Огненовски ја подготвува книгата „Македонска модерна кујна“. Иако сѐ уште не издадена, таа е веќе многу популарна и со нетрпение се чека датумот кога луѓето ќе ја држат во своите раце.
Шеф Огненовски откри на кого ја посветува. Книгата е посветена на неговата неодамна почината мајка, која го научила на основните чекори во кулинарството и која првпат му ги открила богатите вкусови на македонските производи што му останале врежани во сеќавање.
Шеф Огненовски е човек кој има прошетано низ целиот свет и ги има пробано најдобрите специјалитети од секоја кујна. Но едно е јасно – она што го пронашол во Македонија, оние природни овошја и зеленчуци, не можат да се споредат со ниедна друга интернационална кујна. Затоа тој во својата книга се посветува на создавање нови рецепти инспирирани од нашите прекрасни, здрави и вкусни природни производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.