Веројатноста од предвремена смрт е поголема кај лицата кои не се занимавале со физичка активност е 1,6 пати е поголема од оние кои се физички активни.
Научниците од австралискиот Институт „Сакс“ спровеле истражување во кое биле вклучени од 230 илјади лица постари од 45 години, а кои пополнувале анкета за нездравите навики. Им биле поставувани прашања за тоа дали се пушачи, дали конзумираат алкохол, дали водат сметка за здравата исхрана, дали се физички неактивни, дали премногу долго седат на работа, пред телевизор или компјутер (повеќе од седум часа) и дали спијат премногу (повеќе од девет часа).
Триесет отсто одговориле позитивно на две до три поставени прашња. По шест години е објавено дека 16 илјади од тие испитаници починале.
Физичката активност во истражувањето е дефинирана како 150 минути умерена или зголемена активност неделно.
Студијата покажала дека комбинација од телесна неактивност, „седечки“ начин на живот и предолго спиење е поврзана со смртноста на поголемиот дел од лицата кои учестувале во истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст