| четврток, 6 декември 2018 |

Во центарот на Нови Сад: Уапсени дилери на оружје кое требало да заврши во Франција

apsenje novi sad

Српската жандармерија уапсила двајца дилери на оружје во центарот на Нови Сад. Акцијата за приведување била извршена на булеварот Ослободување при што жандармите со џипови го пресекле патот на сомнителниот црвен автомобил.

Министерот за полиција на Србија Небојша Стефановиќ изјавил дека во успешната акција на новосадската полиција и жандармерија уапсени се двајца дилери на оружје.

– Запленета е голема количина на оружје- два пушкомитралези, нешто повеќе од три килограми експлозив, два автопати и поголема количина муниција, рекол Стефановиќ. Според министерот оружјето било наменето за францускиот пазар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top