| четврток, 6 декември 2018 |

На Македончето му тргна, без награда од реално шоу дома не се враќа

Ако некогаш вистинска сензација на малите екрани беа латиноамериканските сапуници, денес нивна замена се регионалните реални шоу програми. Во моментов доживуваат мега популарност, а ако до пред некоја година Македонците беа само учесници и пополнуваа место, во последно време се почесто токму нашите претставници ги носат и победите и дома ни се враќаат како шампиони.

Последен во низата Македонци кои победиле на ваков тип шоуа е кумановецот Дарко Петковски – Спејко, кој беше дел од Големиот брат 2015. Атлетичарот и фото модел освен што заработи 100 илјади евра, истовремено успеа да стекне и популарност, па сега ретко кој од регионов не знае за него. На листата Македонци – победници му се приклучуваат и Даниел Кајмакоски, кој триумфираше во првата сезона од Икс Фактор, и Никола Настевски Лестер, кој издоминира во бугарската верзија на Големиот брат.

Александар Тарабунов, Боби Мојсовски, Трајче Георгиев, Давид Темелков, Филип Божиновски, Бојан Стојков, Александар Белов, Тони Зен, Цеце Орешкова… пак се дел од домашните претставници кои, исто така, имаат учествувано во вакви програми и имаат обезбедено пласман во финале, но, за жал, немаат извојувано победа.

Daniel-Kajmakovski-3

Даниел Кајмакоски

Даниел успеа да ја однесе победата во првата сезона од музичкото шоу Икс Фактор. Од самиот почеток, важеше за главен фаворит, а триумфот му донесе нов автомобил, албум и парична награда од 100 илјади евра.

За жал, наградата се уште не му легнала на сметка, и после две години од завршувањето на шоуто, го нема добиено ниту ветениот албум. Но, доби балканска слава и, секако, стана едно од најскапите и најбараните домашни музички имиња.

tarabunov

Александар Тарабунов

Александар Тарабунов учествуваше во бугарскиот “Идол” и успеа да стигне до финалето, меѓутоа не го освои првото место, иако во текот на шоуто важеше за ѕвезда и кај нас и во Бугарија.

Сметам дека повеќе гласаат Македонците од дијаспората, отколку нашите тука. Мала земја сме, па поради тоа и ретко победуваме на вакви шоуа”, вели Тара кој денес, после неколку години од завршувањето на шоуто може да се пофали со солидна соло кариера и голем број на хитови.

darko velimi brat

Дарко Петковски – Спејко

Пред само неколку дена целата македонска јавност славеше за победата на Дарко Петковски кој заврши како првопласиран во Големиот брат 2015.

Од силната возбуда Дарко не можеше да ги задржи солзите и само накратко по прогласувањето на победата изјави дека не ја очекувал и не може од возбуда да зборува.

Bobi-Mojsoski-2

Боби Мојсовски

Младиот охриѓанец заврши како вицешампион во втората сезона од Икс Фактор, а победата пред очи му ја зеде постариот и далеку поискусен колега Амел Ќуриќ.

Јас сум среќен и задоволен и со второто место. Им благодарам на сите кои ме поддржуваа и гласаа за мене”, изјави Боби по прогласувањето на победниците.

trajceТрајче Георгиев

Како второпласиран заврши и малиот Трајче во “Ѕвездичките на Пинк”. Ова талентирано дете иако има само 13 години веќе е голема ѕвезда во регионот, а доби и признание за откритие на годината на манифестацијата “Златна бубамара”.

belovАлександар Белов

Александар беше дел од едно од најгледаните балкански музички шоу програми “Операција триумф” кога имаше 21 година и тоа за него беше остварување на соништата. Тој дури 13 пати беше фаворит на публиката, а по завршувањето на шоуто во една скопска дискотека беше пречекан од повеќе од 6.000 фанови. Иако по завршувањето на шоуто не му се насмевна среќата да направи балканска кариера, сепак успеа да направи кариера на домашен терен и се уште е активен во музиката со свирки и настапи.

Извор: Вечер

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top