| четврток, 6 декември 2018 |

Во мобилните телефони на мигрантите пронајдени фотографии со отсечени глави

Норвешката полиција во мобилните телефони на неколкумина бегалци на влезот во нивната земја пронашла фотографии со отсечени глави, знамиња и симболи на ИСИС.

migranti norveska

 

Освен тоа во текот на претресот кај бегалците најдени се и фотографии на мртви деца и други жртви од војната и тероризмот, наведуваат локалните медиуми.

Меѓутоа, Ерик Хаугленд, шефот на норвешката програма за азил изјави дека причината за тие ужасни слики не мора да значи нешто опасно.

-Постојат неколку причини поради кои некој би чувал такви слики. Едната е дека биле сведоци и сакаат да им ги покажат на луѓето. Освен тоа, можно е да носат симболи поврзани со терористички групи низ чии територии поминувале. Иако делува опасно, може да има и други објаснувања освен поддршката за терористичката организација, изјави тој.

„Раша тудеј“ пренесува дека норвешката миграциона служба во последните месеци се соочува со голем број бегалци кои сакаат да ја поминат границата на таа земја.

Норвешка во текот на ноември ги заостри правилата за азил во борба против се поголемиот број на бегалци. Според новите правила, кои ќе стапат на сила за две години, властите ќе имаат можност да одбијат давање на азил доколку лицето кое аплицира, претходно се наоѓало во трета земја која се смета за безбедна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top