| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерите постигнаа договор за целосниот состав на ДИК

­ Лидерите на ВМРО­-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на денешната лидерска средба во Клубот на пратениците во заедничка изјава го поздравуваат постигнатиот договор за целосниот состав на ДИК. ­

dik-novi-5

 

– Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумас и Алсекаднар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел ДИК да запоне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери.

Тие ги повикуваат сите државни институции целосно да ја поддржат ДИК како што се наведува во оваа тешка задача. ­

– Ја покануваме ДИК да ги донесе неопходните одлуки за прашања како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар, за методологиите за проверка на Избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки врз основа на законските начела без политичко влијание, се наведува во заедничката изјава.

Лидерите ги повикуваат граѓаните да пријават какви било злоупотреби кои ги воочиле до ДИК и другите официјални тела со релевантни овластувања, како што е народниот правобранител.

По средбата изјава за медиумите даде само белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој изрази задоволство од постигнатиот договор и најави дека во следните денови ќе продолжат разговорите на работни групи за реформите во медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top