| четврток, 6 декември 2018 |

Не е лесно да си претседател на држава – побрзо се старее

Претседателите на државите можеби имаат големи привилегии за време на извршувањето на нивните функции, но плаќаат и повисока цена: побрзо стареат, а стресот на работното место може да им го скрати животот и до три години, се заклучоци од новото истражување, објавено денеска во „Британскиот медицински журнал“.

pretsedateli

Лекарите анализирале колку долго живееле претседателите и премиерите во 17 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Канада, Франција, Германија и САД по истекот на мандатот, а во споредба со кандидатите, кои загубиле на изборите.

Истражувачите, исто така, споредувале колкав е животниот век на шефовите на државите наспроти животните очекувања за луѓето на иста возраст и пол.

Во истражувањето се набљудувани животите на 279 претседатели и 261 кандидат, кој не победил, при што е заклучено дека поранешните претседатели живеат речиси три години помалку од очекуваното.

– Лидерите веројатно чувствуваат дека националните приоритети се поважни од правилната исхрана и од вежбањето – изјави еден од авторите на студијата, доктор Анупам Џена од Медицинската школа на Универзитетот Харвард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top