| четврток, 6 декември 2018 |

Почна исплата на тутунот

tutun

Три откупни компании ја почнаа исплатата на тутунот, информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. ­

-Откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот од кооперантите­ тутунари – вели претседателот на Сојузот Данчо Милески.

Како што потврдува филијалата на Тутунска банка во Прилеп, исплаќаат три откупни компании: Сокотаб од Битола, Прилепскиот тутунски комбинат и Алијанса од Кавадарци.

-Сите девет откупни претпријатија ги отворија пунктовите за откупот на тутунот од годинашнава реколта. ­ Тутун се откупува на 152 откупни пунка, односно на 186 ваги во земјава и откупуваат сите девет претпријатија. Досега просечната цена е 178 денари за килограм- истакнува Милески.

Реколтата иако помала, околу 23.000 тони, е со висок квалитет. Сојузот на тутунските здруженија смета дека цената треба да биде уште повисока, а забелешки имаат на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат. ­ -Во комбинатот не се проценува според квалитетот на тутунот. Имаме доста спорни бали тутун и со тоа се запознати во Министерството за земјоделство и во Инспекторатот- објаснува Милески.

Инспекторатот е на терен и ќе ги проверува сите спорни количества тутун за кои тутунарите не се задоволни со процената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top