Во текот на официјалната посета на Руската Федерација по повод 4-тиот Санктпетербуршки меѓународен културен форум, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска имеше работна средба со свои колеги министри за култура од повеќе земји меѓу кои Руската Федерација, Луксембург, Азербејџан, Молдавија и Босна и Херцеговина.
Како што соопшти Министерството за култура, на средбата се разменети мислења околу идните планови и проекти кои ќе ги продлабочат културните врски меѓу Република Македонија и претставниците на земјите учеснички на самитот, при што е нагласена важноста од унапредувањето на културните политики кои придонесуваат за афирмација на заедничкиот карактер што го поседуваат словенските држави.
Во рамките на посетата, Канческа-Милевска се обрати и на меѓународната министерска конференција на тема: „Културното и духовното единство на словенските народи“ на која учестувуваат министри за култура и други високи претставници од 55 земји во светот.
Пред присутните гости меѓу кои и Михаил Швиткој, специјален претставник на претседателот на Руската Федерација, за меѓународна соработка, Алла Манилова, заменик министер за култура на Руската Федерација и други видни личности од областа на културата, политиката и бизнисот, Канческа-Милевска го нагласи значењето на конференција како убава можност да се споделат заеднички иницијативи и проекти кои ќе овозможат поголемо и подинамично зближување и стимулирање на културната соработка меѓу словенските држави, како и заедничка презентација на културните вредности на словенските народи во светот.
Во своето обраќање, Канческа-Милевска потенцираше дека меѓусебното разбирање и споделувањето на искуства се главните елементи врз кои почива соработката меѓу словенските народи, особено на земјите членки на Форумот на словенските култури и истовремено ја подвлече важноста на сите заеднички иницијативи и активности кои се плод на досегашната соработка.
Министерката за култура Канческа-Милевска ги информираше присутните и за капиталните инвестиции кои Владата на Република Македонија и Министерството за култура ги реализрираат во речиси сите сегменти од културното живеење, вклучувајќи го и културното наследство кое, како што стои во соопштението, не е само симбол на минатото, туку тоа е дискурс низ кој се поттикнува културниот диверзитет.
Во текот на вчерашниот ден министерката за култура Канческа-Милевска се обрати на 11-от состанок на Бордот на „Форумот на словенските култури“, фондација која веќе единаесет години ги промовира и ги афирмира особеностите на словенските народи, а присуствуваше и на пленарната седница и на свеченото отворање на 4-тото издание на Санктпетербуршкиот меѓународен културен форум кој трае до 16-ти декември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


