Во Македонија јавноста памети неколку обиди за креирање порноафери преку божемни или вистински снимки на познатите. Веројатно најпозната е таа на популарната ТВ-водителка Лила Филиповска, кога пред десеттина години беа објавени порнофотографиите на кои се гледа како таа клечејќи орално задоволува непознат маж. И покрај големата врева, брзо се докажа дека фотографиите се лажни, односно на нив е сосема друга, светска порноактерка, која од аголот од кој беше снимена, во ликот неодоливо потсетува на нашата Лила, пишува порталот „Вистина“.
Своја порноафера своевремено имаше и манекенката, моделка и ТВ-водителка Ана Исаиева, која беше посочувана дека е девојката од снимката што кружеше по мобилните телефони, на која се гледа како на црвени сатенски чаршафи во постела орално задоволува непознато момче. Веродостојноста на личноста од клипот никогаш не беше потврдена.
Јавноста наголемо зборува дека и неколку врвни македонски ТВ-водителки и фолк-пејачки имаат порноснимки или фотографии, а има и такви што се колнат дека со свои очи ги гледале нивните клипови со експлицитни секс-сцени.
Од порноаферите не се заобиколени ниту неколку од машките познати македонски лица, особено тие од водителската и од новинарската фела, на кои им се припишува нивно активно учество во неколку порнографски хомосексуални клипови… Но сето тоа до ден денес не излезе на мегдан пред очите на пошироката јавност, па затоа останува ваквите информации да се сведат само на на шпекулации и чаршиски приказни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст