Водителот Драган Вучиќ стана легендарен со фотографиите кои се објавуваат од него на социјалните мрежи.
Па, така уште една негова весела состојба не можеше да ѝ избега на перцепцијата на шоуменот Боки 13. Овојпат Вучиќ во неговиот актуелен награден квиз „Знаеш, не знаеш, добиваш“ стави новогодишен лампион на увото, а на овој негов потег се изнасмеа Боки 13 – пишува „Вистина“.
Тој на профилот на „Фејсбук“ ја објави фотографијата на која во описот му се обрати со прашање на неговиот пријател Драган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.