„Други зборови – 2016“ за македонски писател во Баскија ќе се одржи од 21 до 22 мај.
Што претставува „Други зборови – 2016“?
Претставува мрежа на литературна размена чија цел е развој на јазиците на малите култури и на малцинските јазици опкружени со големи национални култури.
Секоја година одговорните од Форумот на млади – Битола одбират по двајца автори кои ќе имаат своја резиденција во различна локација во Европа. За возврат, секоја година двајца писатели ќе имаат можност да престојуваат и да творат во Битола.
Делата создадени од страна на авторите за време на престојот во резиденцијата ќе бидат преведени на англиски јазик, по што ќе бидат публикувани во пишана форма но и на веб-страницата на програмата.
Кои се основните цели на проектот?
– Поттик за развој на литературата пишувана на јазици на мали култури и на јазици на малцинствата надвор од границите.
– Поттик на создавање јазично експериментирање, разновидност; преиспитување на границите на преведувањето.
– Поттик на создавање на литературен модел кој ќе овоможува делата да бидат претставени пред поширока публика, книжевни агенти (автори, преведувачи, културни работници…)
Резиденцијата трае осум недели.
Рокот за испраќање на апликациите истекува на 31 декември.
Резиденцијата ќе трае помеѓу 21 март и 22 ај 2016 година.
Кои се критериумите?
Проект-идеја напишан на македонски јазик. Проектите ќе содржат текст кој може да биде напишен од авторот во рок од осум недели.
Работата создадена за време на стипендискиот престој мора да биде оригинална творба (дел од роман, расказ , поезија и сл.).
Што се подразбира под литературен проект?
Сѐ што претставува фикција, поезија, публицистика (есеи, мемоари…) графички новели, литературен критицизам, современа биографска/автобиографска литература, сценарија и театар.
Што може да се очекува од програмата?
– Покривање патни трошоци.
– Покривање дневни трошоци
– Стипендија во износ од 2.500 евра(за два месеци престој).
– Публикација на текст на веб-страницата (преведен на петте јазици).
– Интерационална проекција.
Што е потребно ?
– Предлог-идеја за литературен проект, кој може да биде изработен за време на престојот на резиденцијата.
– Организација на дополнителни активности за време на престојот. Тоа може да претставуваат читателски средби со публиката, активности со деца или соработка со автори.
– Заштита на авторските права во рамките на „Креатив комонс“.
Како треба да изгледа пријавата?
Кандидатот треба да ги достави следните документи:
-Работна биографија со акцент на литературни постигнувања.
– Објаснување во кратки црти (500-2.000 зборови) на дополнителни активности.
– Фотокопија на лична карта.
Критериуми:
– Литературна кариера (публикации, награди… споменати воработната биографија), искуство.
– Оригиналноста и креативност.
– Вредноста, оригиналноста и ефективноста на сценариото за дополнителни активности.
– Совпаѓање со вредностите на платформата „Другите зборови“ (јазици на мали култури, малцински јазици, културна размена, преводи).
Процедура:
Кандидатите да ги испратат пријавите до 31 декември. Документите да бидат испратени во стандарден формат (ПДФ, ОДТ или док.) заедно со идејата-проект на следната е-адреса: youthforumbitola@gmail.com