| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ не е програма на политичка партија, туку програма на граѓаните на Македонија

За разлика од другите политички партии кои или немаат програми или имаат мали памфлети со кои што настапуваат на избори, ги прават во затворен круг на свои активисти, ВМРО-ДПМНЕ и оваа година  одлучи да ја задржи праксата , програмата да ја прави заедно со граѓаните, подвлече пратеникот Илија Димовски, за време на вечерашната трибина во Велес, во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја.“

dimovski-tribina-veles-640x425

Ова го правиме, продолжи Димовски, заради тоа што програмата на ВМРО-ДПМНЕ не е програма на политичка партија, пратеници, министри  или Влада, туку програма на граѓаните на Македонија.

-Се наоѓаме во исклучително комплициран политички период, се соочивме со една од поголемите политички кризи во Македонија  во последните 20 години, по исти методи и практики како што  беа научени од социјалдемократите да рушат влади во 90-те  или во 2001 година. Тоа се обидоа и овој пат . секогаш кога граѓаните ќе дадат поддршка на друга политичка опција а не на нив тие наоѓаат начин со  разни полициски инсталации, подметнувања и соработка со  туѓи интересни групации да извршат недемократски удар врз стабилноста на државата, подвлече Димовски пред своите сограѓани.

Се обидоа и овој пат, додаде тој, но се соочија со поинтелектуално спремна и капацитета  структура на луѓе кои не дозволија максимална дестабилизација  на државата, а тоа ним им беше конечна цел.

-Би сакал да потсетам дека граѓаните останаа максимално достојни, ги почитуваа своите институции, го почитуваа интересот на државата и не дозволија реализација на мрачни сценарија каде сакаа институциите да ги замениме со улиците на Македонија. Гледате дека и овие денови продолжува тенденцијата на злоупотреба на институциите од нивна страна, се обидуваат да ги одложат сите процеси и да ги проблематизираат сите договорени работи, потсети Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top