| четврток, 6 декември 2018 |

Шарена зимска салата со тестенини

За денешниот ручек подгответе ја оваа декоративна, хранлива и многу вкусна салата.

testenini

Потребно е:
180 гр тестенини во вид на ѕвездички
180 гр зелена боранија, од конзерва
140 гр пченка од конзерва
200 гр фета сирење
100 гр кисели краставички
120 гр црни маслинки

за преливот:
300 мл јогурт
100 мл слатка павлака
100 мл маслиново масло
1 лажиче сенф
сол и бибер
1 лажиче сецкан свеж копар

Подготовка:
Тестенините сварете ги “ал денте” во солена вода според упатството на пакувањето и исцедете ги. За преливот измешајте ги убаво сите состојки за да добиете хомогена смеса.

Изладените тестенини помешајте ги со боранијата, пченката, фета сирењето исецкано на коцки, краставичките исецкани на коцки, маслинките исчистени од семките и прелијте ги со претходно подготвениот прелив.

Салатата послужете ја разладена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top