| четврток, 6 декември 2018 |

Не се пие водата од селските водоводи во Неготинско и во Демиркаписко

Водата за пиење од селските водоводи во неколку села од Неготинско и од Демиркаписко, бактериолошки е неисправна, информираше денеска раководителот на организациската единица Неготино при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.

вода2

– Последните земени мостри покажаа зголемување на вкупниот број на бактерии, присуство на ешерихија коли и колиформни бактерии во водата од водоводите во селата Чифлик, Дрен, Корешница, Војшанци, Тремник, Бистренци, Црвени Брегови, Горни и Долни Дисан и Вешје – соопшти Тодоровска.

Таа нагласи дека имаат неколку предлог-мерки за решавање на проблемот. Потребно е, како што рече, санација и чистење на водоводите и редовно хлорирање на водата за пиење во овие села.

Докторката Тодоровска кажа дека исправна за пиење е водата од градскиот водовод во Неготино, од регионалниот водовод Лукар, која се користи и во неколку села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top