„Дејли Експрес“ објави кои се нациите во светот, што посветуваат најмногу време на сексот.
10. Мексико
Студија од 2014 година покажа дека Мексико е рангирана меѓу земјите во светот со највисок процент на сексуално задоволство. Во 2008 година, откако беше утврдена ниска сексуална воздржаност меѓу студентската популација, во земјата се дистрибуирани 700 000 копии од образовни книги за сексот.
9. Швајцарија
Со прогресивните ставови за легализирањето на проституцијата, популарноста на лиценцирани бордели и либералниот однос кон порнографијата, Швајцарија е позната како една од сексуално најслободните земји во светот.
Анкета направено во 2013 година покажа дека 21 % од швајцарците го опишуваат својот сексуален живот како одличен, а други 20 % се љубители на сексот на отворено.
8. Шпанија
Земјата е позната како земја со сексуално исполнета култура.
7. Малезија
Малезија е многу конзервативна земја и предмет на многу спорови е сексуалното образование во училиштата. Но, зад затворените врати на своите домови, сепак малезијците му даваат слобода на силното либидо.
6. Италија
Во Италија во сексот не уживаат само младите италијанци. Неодамнешна студија во земјата покажа дека 32 % од луѓето над 60 годишна возраст се редовно сексуално активни.
5. Полска
Оваа земјата дури има годишен фестивал Еротикон, на кој се покажуваат најновите секс играчки и механизми.
4. Кина
Во последните осум години само во Пекинг се отворени 5000 секс шопови. Над 70 % од секс играчките во светот се произведуваат во Кина. Во земјата дури се организира годишно „Секспо“.
3. Русија
Неодамнешна студија покажа дека од жените во Европа, сексуално најактивни се русинките, кои месечно во просек имаат 12 пати секс.
2. Бразил
Бразил е татковината на тангите. Студија направена во 2014 година, покажа дека бразилските љубовници се најиздржливи во кревет.
1. Грција
Традициите на земјата за сексот се уште од античките времиња. Според една студија од 2012 година, просечниот грк годишно има 164 пати секс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.