Иако во историјата на човештвото никогаш не се зборувало за секс повеќе од сега, се чини дека никогаш немало помалку секс. Така барем сугерира една британска студија која покажува дека секој трет пар не се сеќава кога последен пат имале секс.
Во студијата учествувале двојки во долгогодишни врски, а дури десет проценти признале дека повеќе не ни имаат секс. Загрижува и бројот на оние кои не се сеќаваат кога последен пат имале однос – „заборавени“ има 32 проценти. Повеќе од половина од испитаниците, дури 61 проценти, не кријат дека подобар сексуален живот имале во претходните врски.
Како причина за лошиот сексуален живот најголем број на двојки го наведуваат недостатокот на самодоверба, кога станува збор за разговор за желбите в кревет. Така мисли секој втор пар на возраст меѓу 25 и 44 години. Секојдневните обврски им пречат на 38 проценти од паровите. Лица постари од 55 години виновници наоѓаат во лошото здравје, бидејќи како што велат, не се толку подготвени за еротски искуства како порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.