Долгогодишниот истакнат партиски активист на СДСМ, Ивор Мицковски, Конгресот на СДСМ го оценува како глумење лудило и реторичко популистички настап. Тој предвидува нов пораз на опозiцијата поради неискрената политика.
-Последно нешто што ни треба е вашето глумење лудило за промени, вашите институционални формализми и реторичко-популистички успеси за граѓанството. Сакавте да се акомодирате со власта, да станете дел од нивната власт, ајде, направете нешто институционално што ќе ги смени работите – напиша Мицковски.
Мицковски жестоко распали по раководството на опозицијата и пред некој ден преку пост на својот профил на „Фејсбук“. Неговиот став за опозицијата е дека ја водат губитници, замаглени глави, нереални, нерелевантни и ситни души.
Според Мицковски, опозицијата форсирала интелектуални гета и секти, неспособни да произведат, ниту пак, да замислат поинаква културна, политичка и општествена парадигма.
-На пат сме да го воскреснеме режимот, и покрај идеалните услови за негов крај. Историјата ќе покаже како ситни души и замаглени глави одбраа погрешни патишта, но малку што вреди историјата на губитниците – пишува Мицковски.
Мицковски додава дека гледа преголеми заблуди кај оние што се замислуваат дека се некаква прогресивна сила во општеството, а всушност се самоизолирани и веќе препознаени како нереални и нерелеватни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Ивор Мицковски до Зекири: Не продавај пуфки! Пола Влада и коалиција ви се криминалци