| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН: Нула толеранција за незаконско однесување на вработени

Откако вчера беше објавено дека по претходно добиени оперативни сознанија и превземени оперативно тактички мерки, во текот на завчерашниотт ден, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(55) од Скопје, вработен како Раководител на КЕЦ Куманово во ЕВН Македонија АД Скопје. Во текот на вчерашниот ден М.Ј. е спроведен во ОЈО Куманово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

download

Имено, оштетениот кој е сопственик на приватно претпријатие од Куманово кое со ЕВН Македонија од 2014 година имало склучено Рамковна спогодба за сервисирање, реконструкции и монтажа на енергетскиот систем, завчера бил повикан од страна на пријавениот, кој директно му побарал до крајот на годинава да му биде исплатена сума од 3.000 евра на име одобрување за наплата на доспеаните фактури како и заради понатамошно работно ангажирање на неговото приватно претпријатие.

Од страна на оштетениот настанот е пријавен во СВР Куманово и по дадени насоки од страна на Јавниот обвинител од ОЈО Куманово, од оштетениот со Записник привремено се одземени 600 евра и 3.000 денари над кои е извршено криминалистичко техничка обработка, по што истите се вратени на оштетениот.

Завчера, во попладневните часови, врз основа на претходниот договор оштетениот дошол во КЕЦ Куманово и во канцеларијата на М.Ј му ги предал парите. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово врз основа на издадена Наредба од Основен суд Куманово извршен е личен претрес на пријавениот при што му се пронајдени претходно криминалистичко – технички обработените банкноти кои со Потврда за привремено одземени предмети му се одземени.

Инаку, во период од крајот на 2014 година па се до почетокот на месецот ноември 2015 година, М.Ј. директно, во повеќе наврати, од оштетениот во вид на награда за наводна успешна меѓусебна соработка побарал и на рака примил сума од 9.500 евра, односно се вкупно побарал и примил сума од 10.100 евра и 3.000 денари.

евна испрати соопштение во кое се наведува:

-Согласно интерните регулативи на компанијата, ЕВН Македонија има нула толеранција за неетичко, нечесно и незаконско однесување на своите вработени. Како и досега, ЕВН ќе соработува со полицијата за сите потребни информации во интерес на истрагата, без оглед дали криминалните дејства доаѓаат однадвор или од внатре, од вработени лица. Воедно ги охрабруваме сите соработници, клиенти или трети страни, да пријават во надлежните институции доколку имаат сознание за било какво неетичко или незаконско однесување од страна на внатрешни или надворешни лица на ЕВН Македонија, се наведува  во соопштението од ЕВН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top