Саудискиот принц Алвалед бин Талал и американскиот милијаредр Доналд Трамп, водечки претендент меѓу републиканците за претседателските избори идната година, имале „остра расправија„ на Твитер.
Принцот Бин Талал го нарекол Трамп „срам за Америка“ и за Републиканската партија, па му порачал да се откаже од претседателските амбиции, затоа што „никогаш нема да победи на изборите“.
Изјавата и дисквалификациите од саудискиот принц, доаѓаат по контроверзниот предлог на Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД, додека американските конгресмени не се договорат како ќе реагираат на заканите од Исламска држава (ИД).
Доналд Трамп реагирал во негов стил и на Твитер го нарекол принцот „недоветен“.
Американскиот претседателски претендент го обвинил Бин Талал дека сака да ги користи, како што рекол „парите на тате“ да ги контролира политичарите во САД.
-Тоа никако нема да се случи кога јас ќе бидам избран- му порачал Трамп на принцот, на социјалната мрежа.
Изјавата на американскиот милијардер-политичар доаѓа по масакрот во Сан Бернандино, што го изврши брачна двојка муслимани. Полицијата прво го означи нападот како тероризам, а сега вели дека станува збор за дело на „радикализирани муслимани“.
Принцот Алвалед бин Талал (55) е близок роднина на саудискиот крал Салман. Тој има диплома за бизнис од Универзитетот во Калифорнија, а сега е прогласан за најбогат Арап, на листата на „Форбс“ за оваа година. Има акции во бројни угладни и моќни компании , меѓу другите и во Твитер, а поседува синџир од хотели ширум светот. Неговото богатство се проценува на 32 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.