Шпанската полиција соопшти дека во Мадрид е уапсен Колумбиецот, Хектор Арболеда Буитраго, обвинет за повеќе од 100 насила извршени абортуси врз припадничките на колумбиската бунтовничка група ФАРК. Буитраго работел во шпанскиот главен град како болничар. Колумбиските власти побарале уапсениот да биде екстрадиран во Богота.
Во петокот, колумбиското обвинителство соопшти дека испитува 150 случаи на поранешни припаднички на ФАРК, кои изјавиле дека биле присилувани да ја прекинат бременоста. Во најголемиот број вакви интервенции бил вклучен Буитраго, кој затоа го добил прекарот „бабица„.
Поранешните бунтовнички во истрагата се пожалиле на обвинителството во Богота дека биле присилувани на абортус за да не се нарушела борбената готовност на ФАРК. Од околу осум илјади членови на бунтовничката група, една третина се жени.
Ултралевичарските бунтовнци ги отфрлаат ваквите обвинувања објаснувајќи дека сите нивни припаднички имале секогаш достап до контрацептивни средства. Една жена која некогаш била во редовите на бунтовниците признала дека морала дури пет пати да абортира на барање на командата.Таа тврди дека само „најсреќните„ можеле да се породат и да станат мајки. ФАРК е формирана во 1964 година за да се создаде марксистичка власт во Колумбија.Едно време бунтовниците контролираа територија голема колку Швајцарија. Повеќе од 220 илјади лица досега загинаа во борбите, а најголемиот број од нив беа цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст