| четврток, 6 декември 2018 |

Во Париз усвоен договорот за ограничување на глобалното затоплување

cop4Министрите на земјите учеснички на Меѓународната конференција за климата во Париз, денеска ја усвоија спогодбата за ограничување на глобалното затоплување. Спогодбата е одобрена од речиси 200 нации.

dogovor copПретходно францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика министрите од земјите учеснички на Меѓународната конференција за климата да преземат „одлучувачки“ чекор и да го усвојат „историскиот пакт“ за ограничување на глобалното затоплување.

cop 3-Морате да преземете конечен, одлучувачки чекор што ќе ни овозможи да ја постигнеме целта, им порача Оланд на министрите и делегатите, на кои  претходно францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус им ја поднесе на разгледување нацрт глобалната спогодба, пренесоа француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top