Владата денеска исплати 17,2 милиона денари на 364 лица како отштета од поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба. Во Могила се исплатени 8,78 милиони денари на 255 лица, во Струмица 6,2 милиони денари на 102 лица, а на 7 жители кои претрпеа штети од поплавите во Гази Баба им се исплатени 2,2 милиона денари.
Како што соопшти Министерството за финасии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 на 3.225 отштетени лица од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, Штип, Охрид, Чешиново, Облешево, Градско, Радовиш, Карбинци, Македонска Каменица, Крива Паланка и Тетово.
Владата и понатаму ќе продолжи со исплатата на отштетите од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.