Вчеравечер во 22.30 часот во кумановската полиција било пријавено дека во базенот на бањата Стрновац во Општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.
По овластување на јавен обвинител на местото на настанот се упатени полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавниот обвинител телото, кое се уште не е идетификувано, а нема пријава за исчезнато лице, е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст