| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник на улица „Македонија“

Вчера околу 15.40 часот на ул.„Македонија“ во центарот на Скопје, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи,  на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка на глава од скеле. Од ударот овредениот починал починал на лице место. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот изршила екипа од СВР-Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top