| четврток, 6 декември 2018 |

Одиграни два натпревара од ракометната Супер лига

Ракометните суперлигаши синоќа одиграа два натпревара од 13.коло. Во СЦ „Форца“ Работнички го победи Пелистер со 26:21, додека Борец направи изненадување со триумфот над Вардар Јуниор на гости со 29:26.
Денеска во Скопје се играат два дуела: Металург – Металург (2) и Пролет – Прилеп, додека колото ќе биде комплетирано во недела со натпреварот Охрид – Радовиш.
Табела: Металург 36 бодови, Охрид 27, Работнички 27, Прилеп 24, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Борец 13, Пелистер 12, Пролет 12, Металург (2) 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top