Македонската Амбасадата во Токио денеска организираше бизнис форум на кој јапонските бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија. Поволностите за инвестирање ги претставија министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и амбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ. Познат јапонски бренд во хотелиерството најави инвестиција во хотел во Скопје.
На бизнис форумот учестваа триесетина јапонски компании од различни области меѓу кои HONDA, NEC, Marubeni, Mitsui…, а настанот медиумски беше покриен од страна на Фуџи телевизијата.
Во својата презентација министерот за стански инвестиции Горан Мицковски, ги презентираше инвестициските потенцијали во Македонија во повеќе области и индустрии, а при тоа беа презентирани и повеќе успешните приказни на странски инвестиции што се случија во последните години.
Покрај министерот за странски инвестиции пред присутните гости свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ која ги истакна напорите што ги вложува Амбасадата во делот на економската дипломатија, напоменувајќи дека покрај бизнис форумот што Амбасадата го организираше во април оваа година, кој веќе почнува да носи резултати, Амбасадата остварува бројни лични средби и семинари за инвестиции со јапонските компании секојдневно.
Амбасадорката изрази надеж и верба за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Јапонија, и истакна дека токму ваквиот начин на организирање на бизнис форуми и средби со бизнис заедницата во Јапонија ќе придонесе за тоа.
Од Амбасадата информираат дека како резултат од активностите на Амбасадата, Министерот за привлекување странски инвестиции и напорите на амбасадорката Цветковиќ во едногодишните разговори и средби, една јапонска компанија во хотелиерскиот бизнис и познат бренд во Јапонија, најави дека се заинтересирани и планираат изградба на хотел во Скопје. Инвестицијата, како што наведуваат, би се случила во 2016 година, при што би се отвориле околу стотина нови работни места.
Покрај оваа и водечка компанија во областа на дистрибуцијата и трговијата, со свои претставништва во светот, веќе е во преговори со македонска водичка компанија за остварување конкретна бизнис соработка, која би била почеток за отварање на вратата за јапонските инвестиции.
Амбасадорката Цветковиќ на форумот истакна дека Македонија не е позната за јапонскиот пазар, но дека со отварањето на Амбасадата нештата значително се променети и дека голем број јапонски фирми ја посетуваат Македонија со цел истражување на пазарот и можностите за инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст