Најновиот тренд меѓу луѓето е пиењето на лимонова вода. Тоа е една чаша топла вода измешана со свежо исцеден лимонов сок, многу здрав пијалак кој му помага на организмот да се ослободи од сите токсини.
И познатиот нутриционистички и медиумски експерт – Кери Гласман, го поддржува овој тренд. Таа изјави дека една чаша лимонова вода дневно може да му помогне на телото да остане хидрирано, да го подобри варењето и да го регулира апетитот. Најдоброто време од денот за конзумирање на овој пијалак е наутро пред појадок.
Како правилно се приготвува лимонова вода?
Она што повеќето корисници го превидуваат е: лимоновата кора. Таа содржи богатство од флавоноиди, кои имаат силни детоксикациски својства. Но, мора да бидете сигурни дека лимонот кој ќе го користите, не бил третиран со пестициди.
Според Дана Џејмс треба да додадете најмалку половина лажичка лимонова кора, ако сакате да го извлечете максимумот од лимонот и неговите лековити својства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст