| четврток, 6 декември 2018 |

Кери ќе се сретне со Путин и Лавров на 15 декември во Москва

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 15 декември во Москва, соопшти Стејт департментот.

11122015191752_keri i lavrov

За време на средбата ќе се разговара за ситуацијата во Сирија и Украина.
Еден ден претходно, на 14 декември, Кери ќе учествува на средбата за Сирија, која ќе се одржи во Париз.
Американскиот државен секретар денеска изјави во врска со Сирија дека САД „имаат некакви проблеми“ со рамковната декларација, која беше договорена на вчерашната средба на сириската опозиција во Ријад.
– Постојат прашања кои треба да се појаснат пред меѓународната средба за Сирија, која е предвидена следната недела во Њујорк, нагласи Кери.
Сириската опозиција вчера се договори да создаде заедничка група за мировни преговори со Владата на претседателот Башар ал Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top