Република Македонија има ниска преваленца на ХИВ инфекција и тоа мора да се одржи и по заминувањето на Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија од државата на крајот на 2016 година. Дотогаш треба веќе да се обезбедени извори на средства за одржливост на програмите за ХИВ за групите под посебен ризик.
Ова денеска го истакнаa дел од учесниците на јавната расправа на тема „Обезбедување на одржливост на воспоставените програми за ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ по заминувањето на Глобалниот фонд на крајот на 2016 година – можности и предизвици“, која се одржа во рамки на седницата на собраниската Комисија за здравство.
Националниот координатор за ХИВ во Република Македонија, Звонко Миленковиќ рече дека во последните 10 дена кај уште две лица е потврдена ХИВ инфекција, со што бројот на регистрирани случаи годинава е 30, а бројот на регистрирани од 1987 година досега во државава изнесува 272 лица. Од нив дел се починати, а дел живеат со ХИВ. Дел од нив примаат антиретровирусна терапија.
Претседателот на Комисијата за здравство, Јагода Шахпаска рече дека навременото откривање, дијагноза и третман е најсоодветниот пристап, при тоа Министерството за здравство како примарен реципиент на средствата од Глобалниот фонд е главен носител во креирањето на Националната програма за ХИВ/СИДА.
– Партнерскиот однос со граѓанските организации кои се на првата линија на спроведувањето на превентивните програми доведоа ние како земја да имаме ниска преваленца на ХИВ. Овој напредок мора да го одржиме и по заминувањето на Глобалниот фонд од Република Македонија на крајот на 2016 година и дотогаш треба веќе да се обезбедени извори на средствата за одржливост на програмите за ХИВ за групите под посебен ризик, истакна Шахпаска.
Додаде дека новите антиретровирусни лекови доведуваат до намалена репликација и намалена концентрација на вирусот во крвта до немерливи вредности со што се намалува можноста за негова трансмисија на други лица.
Според Лилјана Поповска, пратеник и член на Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ, прашањето за ХИВ вирусот го изгуби печатот на стигма, печатот на нешто што е проблематично за кое не е пријатно отворено да се зборува. Претседателот на Националниот координативен механизам во Република Македонија, Христијан Јанкуловски истакна дека 12 години Глобалниот фонд финансирал активности пред се за превенција на ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во Македонија.
– Поради критериумите кои ги има Глобалниот фонд нашата земја после 2016 година не е во можност повторно да аплицира за грантови, додаде Јанкуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст