Нема новозаразени ученици со туберкулоза од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“. Денеска во диспанзерот на Бит пазар на вонреден преглед биле 24 соученици на средношколецот кај кого болеста беше дијагностицирана во понеделникот. Според информации на Сител, 17 годишното момче најверојатно било заразено од членови на семејството. За три дена ќе се знае дали туберкулоза има и некој од неговите браќа и сестри кои се на возраст од 7 до 12 години. Тие биле тестирани во болницата во Козле.
Случајот со заболениот средношколец го крена алармот во Зеф Љуш Марку. Директорот на училиштето за Сител изјави дека се преземени сите мерки за дезинфекција и поголемо одржување на личната хигиена. Но нема паника и отсуства на ученици. Веднаш по пријавување на заразата, Скопскиот центар за јавно здравје и државниот санитарен инспекторат ги презеле сите неопходни мерки. Туберкулозата е заразна болест. Се пренесува преку близок или долготраен контакт со инфицирани лица или предмети. Бактериите можат да се пренесат и со кивање, кашлање и зборување. Периодот на инкубација е од 4 до 6 недели. Ова заболување последните години во земјата има тренд на намалување. Лани имало 285 заболени а годинава 10 помалку. И една од милениумските цели е искоренување на туберкулозата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


