Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски ниски 25.5 отсто. Од околу 38 отсто во 2006-та на денешни 25.5 отсто заклучно со септември оваа година. За само еден квартал се намали за 1.3 отсто – напиша премиерот Никола Груевски на неговата фејсбук страница, откако денеска Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност е на историско најниско ниво.
Тој додаде:
Истовремено расте на бројот на вработените во земјата, од околу 560 илјади вработени во Македонија кога дојдовме во владата, денес имаме регистрирани 711 илјади ново отворени работни места, што е за скоро 150 илјади повеќе. Тоа се 150 илјади ново отворени работни места. Луѓе кои седеле дома во безнадеж, апатија, и нервоза, со чувство за бесперспективност и немање верба во никого, денес имаат свое вработување, свое работно место, своја плата, осигурување, иднина, перспектива, надеж, елан. Ова дава сила, дава мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места. Честитки за сите во економскиот тим на владата. Ова е и наш заеднички успех, ова е успех на Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии