| четврток, 6 декември 2018 |

Досега издадени потврди за азил на 325.543 емигранти

migranti begalciВо изминатите 24 часа  се издадени  3.784 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање правото на азил.

Како што соопшти МВР од емигрантите на кои им се издадени потврди 1.505 се од машки пол, 804 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 64 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.783, Авганистан–870, и Ирак-1.131.

Во периодот од 19 јуни 2015 година до вчера издадени се потврди на вкупно 325.543 странски државјани, од кои, 182.999 се од машки пол, 52.329 се од женски, 72.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.783 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-188.361 потоа Авганистан-79.063, Ирак-36.678, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено  барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top