Американската војска соопшти дека во воздушните напади во последните денови врз западниот ирачки град Рамади се убиени 350 борци на Исламска држава.
Портпаролот на американската воена команда во Багдад, Стив Ворен, на прес конференција во Пентагон изјави дека во Рамади имало меѓу 600 и 1.000 борци на Исламска држава. Џихадистите го зазедоа овој ирачки град во мај.
На одвоена прес-конференција американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, изјави дека напредокот на силите на ирачката Влада во повторното освојување на овој град тече „разочарувачки бавно“.
-Уверен сум дека градот ќе падне и ние ќе помогнеме во тоа, рече Картер – мислејќи на Рамади.
Картер наведе дека, доколку тоа го побара ирачката Влада., САД се подготвени да понудат и воени хеликоптери „апачи“.
Ворен подоцна кажа дека „апачите се подготвени“, доколку Вашингтон и Багдад „дадат зелено светло“, пренесоа американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст